среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Жена-бомбаш се разнесе себе и своето бебе во Тунис откако властите го убија нејзиниот сопруг

Жена-бомбаш се разнесе себе и своето бебе во Тунис откако властите го убија нејзиниот сопруг

Туниските власти соопштија дека жена, бомбаш-самоубиец, се убила себе си и своето бебе за време на антитерористички операции во планинска област во внатрешноста на провинцијата Касерин.

Уште двајца исламски терористи беа убиени за време на операцијата, објави Министерството за внатрешни работи во четвртокот вечерта.

За време на операцијата, туниските сили следеа екстремистичка група во планината Салум, во провинцијата Касерин.

По тој повод, тие убија џихадист, чија сопруга потоа го активираше појасот со експлозив, се наведува во соопштението.

Во експлозијата загинаа таа и бебето кое го држеше во раце, додека нејзината постара ќерка, која исто така беше на самото место, преживеа, пренесува Дејли меил.

Властите соопштија дека е прв пат да пријават присуство на жена меѓу џихадистите кои се засолниле во областа.

Во друга операција, безбедносните сили го убија осомничениот лидер на туниската бригада, Јунд Ал Килафа. Бригадата вети верност кон Исламската држава и се верува дека стои зад неколку напади во Тунис во последните неколку години.

Локални избори 2021