среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 138
home Вести

Земјотрес со интензитет од 3,9 степени по Рихтер регистриран во Романија

Земјотрес со интензитет од 3,9 степени по Рихтер регистриран во Романија

Земјотрес со интензитет од 3,9 степени по Рихтер беше регистриран утрово во романскиот регион Вранча, каде вчера имаше уште еден потрес од 3,6 степени.

Националниот институт по геофизика соопшти дека денешниот земјотрес се случил во 5:43 часот по локално време, на длабочина од 133 километри.

Земјотрес во Вранча вчера беше регистриран 12:32 часот.

Најсилен потрес оваа година со интензитет 4,6 беше регистриран на 25 април.

Коронавирус