четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 196
home Вести

Земјотрес од 7,3 степени во Перу

Земјотрес од 7,3 степени во Перу

Земјотрес со интезитет од 7,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во крајбрежјето на југозападниот дел на Перу.

Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот се случил во 9:18 часот по Гринич (10:18 часот по средноевропско време) на длабочина од 12,5 километри, со епицентарот на 42 километри кужно од градот Акари и 124 километри југозападно од градот Пукујо.

Локалните власти информираа дека при потресот нема жртви, туку само се придизвикани помали оштетувања на објекти и патишта во реонот на местото Ломас, кое се наоѓа најблизу до епицентарот.

Пацифичкиот центар за цунами предупреди дека е можна појава на големи бранови на растојание до 300 километри од местото на епицентарот на потресот.

Коронавирус