понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 130
home Вести

Земјотрес од 6 степени според Рихтер го потресе Тајван, еден загинат

Земјотрес од 6 степени според Рихтер го потресе Тајван, еден загинат

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе Тајван, соопшти Централното биро за временски услови, дополнувајќи дека засега едно лица загина, јави ДПА.

Жена од Нов Тајпеј, населба која се придодава на главниот град, загинала од земјотресот откако била најдена поклопена од плакар во нејзината спална соба, соопшти националната противпожарна служба, јави ДПА.

Земјотресот се случил во 5:28 часот (21.28 часот во среда) на длабочина од 22,5 километри, соопшти Сеизмолошката служба на Тајпеј.

Епицентарот на земјотресот бил на 36,5 километри источно од Јилан, во источниот дел на Тајван, а потресот се почувствувал на целиот остров, се наведува во соопштение на владата.

Повеќе од 10,000 семејства во северниот и источниот дел на Тајван останаа без електрична енергија. Жителите на главниот град Тајпеј кажуваат дека биле разбудени од паѓање на предмети и мебел во нивните домови.

Земјотресот предизвика ограничено запирање на струјата и запирања на регионалната железничка мража во Северен Тајван. Има информации и за истекување на гас и вода.

Коронавирус