понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Земјотрес ја стресе Индонезија: Двајца загинати, урнати над 300 објекти

Земјотрес ја стресе Индонезија: Двајца загинати, урнати над 300 објекти

Две лица загинаа и најмалку 21 се повредени во земјотрес што ја погоди индонезиската провинција Централна Јава.

Урнати се најмалку 300 објекти, меѓу кои куќи, училишта и џамии.

Над 2.000 луѓе бea принудени да се евакуираат во посебни центри, изјави Сутопо Пурво Нугрохо, портпарол на Управата за справување со природни несреќи.

Околу 200 војници и спасувачки тимови работат во засегнатиот регион.

– Чиста вода и храна веднаш се потребни, истакна Сутопо.

Земјотресот, со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровата скала, бил регистриран во околината на градот Банџарнегара во најгусто населениот остров Јава.

МИА

Коронавирус