сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 40
home Вести

Земјоделци во „жолти елеци“ го блокираат сообраќајот во Варшава

Земјоделци во „жолти елеци“ го блокираат сообраќајот во Варшава

Земјоделците кои протестираат во Полска, денеска ја блокираа главната сообраќајница во Варшава, најавувајќи дека барикадите ќе останат сè додека премиерот Матеус Моравјецки не ги сослуша нивните проблеми. Тие носат жолти елеци, слични на демонстрантите во Франција.

Десетици земјоделци утрово спонтано се собраа на автопатот и го блокираа сообраќајот на неколку часа, предизвикувајќи километарски колони источно од Варшава. Во попладневните часови се разотидоа.

Земјоделците се жалат поради немањето државен надомест за загубата предизвикана од уништувањето на свињите заради запирање на ширење на болеста свинска куга. Тие се противат и на увозот на странски производи и бараат на прехранбените производи задолжително да е наведена земјата на потекло. 

МИА

Коронавирус