четврток, 27. јануари 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Повторно над 2.000 заболени од коронавирус во земјава

home Вести

Земјите од Западна Африка планираат да воведат единствена валута од 2027 година

Земјите од Западна Африка планираат да воведат единствена валута од 2027 година

Групата од петнаесет западноафрикански држави усвоија нов план за лансирање на единствената валута во 2027 година, откако претходниот план беше нарушен од пандемијата на коронавирус.

Новата стратегија беше договорена од шефовите на држави на Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS), соопшти Жан-Клод Каси Бру, претседател на Комисијата ECOWAS, на прес-конференција по Самитот во Гана.

Земјите се надеваат дека единствената валута ќе помогне во зајакнувањето на трговијата и економскиот раст.

– Поради шокот од пандемијата, шефовите на држави одлучија да ја суспендираат имплементацијата, рече Бру.

– Имаме нов план и нов договор за конвергенција што ќе го опфати периодот помеѓу 2022 и 2026 година, а „еко“ќе започне во 2027 година, рече тој, посочувајќи го името на новата валута.

Коронавирус