сабота, 30. јули 2022. Вести денес: 8
home Вести

Зеленски го посети градот Николаев во јужниот дел на земјата

Зеленски го посети градот Николаев во јужниот дел на земјата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети јужниот град Николаев за време на работната посета на регионот, соопшти претседателскиот кабинет, во кое не е прецизирано кога е извршена посетата, јави ДПА.

„Претседателот изврши увид во зградата на регионалната државна управа на Николаев, што беше уништена како резултат на ракетен напад на руските сили“, се вели во соопштението.

„Нашиот Николаев регион. На состанок за важни регионални прашања. Разговаравме за состојбата на економијата, обновувањето на водоснабдувањето, состојбата во земјоделството. Посебно внимание беше посветено на заканите од копно и море“, напиша Зеленски денеска во својот канал на Телеграм, каде што беше објавено и видео од средбата со шефот на регионалната воена администрација Виталиј Ким.

Коронавирус