четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Зеленски: Да беше Украина членка на НАТО, војната немаше да се случи

Зеленски: Да беше Украина членка на НАТО, војната немаше да се случи

Војната со Русија ќе беше спречена доколку Украина беше членка на НАТО алијансата, изјави претседателот Володимир Зеленски.

„Да беше Украина дел од НАТО пред војната, немаше да има војна“, им рече тој на студентите од Институтот за политички студии во Париз.

Зеленски, исто така, рече дека неговата земја е „подготвена“ да води преговори „се додека не е доцна“, објави Си-Ен-Ен.

Тој додаде: „Со секоја нова Буча, со секој нов Мариупол, со секој нов град каде што има десетици мртви луѓе, случаи на силување, со секое ново злосторство, желбата и можноста за преговарање исчезнуваат, како и можноста за решавање на ова прашање на дипломатски начин“.

Русија има долгогодишно противење на проширувањето на НАТО и пристапувањето на Украина во алијансата, и го обвини НАТО за започнување активно воено засилување на териториите во непосредна близина на Русија.

Коронавирус