вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 59
home Вести

Зелените освоија една петина од гласовите на парламентарните избори во Швајцарија

Зелените освоија една петина од гласовите на парламентарните избори во Швајцарија

Двете партии на зелените освоија над 20 проценти од гласовите на вчерашните избори за Долниот дом на швајцарскиот Парламент, додека кај големите партии, вклучително и победничката Народна партија забележан е пад на поддршката, покажуваат конечните резултати.

Зелената левица освои вкупно 13,2 отсто од гласовите, додека за партијата на центарот Зелени либерали гласале 7,8 отсто од граѓаните. Со тоа Зелените станаа четврта партиска групација во Швајцарија, додека на петто место е Христијанско-демократската народна партија.

На изборите најголем број гласови 25,6 отсто освои антиимигрантската Народна партија, додека Социјалдемократската партија – 16,8 отсто, либералите 15,1 проценти, а Христијанско-демократската народна партија освои 11,4 отсто од гласовите.

Во согласност со единствениот швајцарски политички систем, добриот резултат во еден изборен циклус автоматски не носи и влез во сојузната Влада, каде веќе 60 години се делат министерските места помеѓу четири партии: Народна партија, Социјалдемократската партија, либералите и демохристијаните.

Според швајцарската традиција партија би можела да добие министерско место ако постигне добри изборни резултати на најмалку два избора по ред.

Лидерот на Зелените либерали Јург Грошен вчера изјави дека сигурно нема да бара место во сојузната Влада, додека лидерката на Зелената левица Регула Ритц не ја исклучи можноста да учествува во Владата.

Коронавирус