среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 140
home Вести

Здравствените власти не го барале тоа, но данската премиерка воведе строги мерки против Ковид-19

Здравствените власти не го барале тоа, но данската премиерка воведе строги мерки против Ковид-19

Одлуката на Данска да ги затвори своите граници, како и училиштата и градинките во март 2020 година за да се справи со пандемијата на коронавирусите било на иницијатива на Кабинетот на премиерката, а не како резултат на препораките од здравствените власти.Тоа се наведува во извештај објавен синоќа, јави ДПА.

Петчлена комисија назначена од Парламентот донесе заклучоци за одговорот на Данска на пандемијата во зима и пролет 2020 година.

Комисијата не најде докази дека властите препорачале строги ограничувања во тоа време.

Тоа е во спротивност со она што го рече премиерката Мете Фредериксен на прес-конференција за ова прашање на 11 март минатата година.

Фередериксен тогаш рече дека властите препорачуваат несуштинските активности во овие области да се запрат за одреден временски период.

Според Комисијата, таа изјава не е поддржана од мислења на здравствените власти. Тие изразија сомневање за потребата од затворање на училиштата и градинките. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија