понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Завршува рокот за пријава на кандидати за еврокомесари, Франција и Италија без предлози

Завршува рокот за пријава на кандидати за еврокомесари, Франција и Италија без предлози

Земјите членки на ЕУ имаа до денеска рок да ги пријават своите кандидати за еврокомесари за идниот состав на Европската Комисија, Франција и Италија сѐ уште не го сториле тоа.

Новоименуваната претседателка на Европската Комисија, Германката Урсула фон дер Лајен, од денеска треба да ја започне процедурата на распределување на портфолијата за новите европски комесари.