четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 57
home Вести

Заврши Самитот во Казан: Биле присутни околу 6.400 посетители од 64 земји

Заврши Самитот во Казан: Биле присутни околу 6.400 посетители од 64 земји

Во Казан, главниот град на руската Република Татарстан, во присуство на бројни економски претставници на Русија и на исламските земји, заврши тридневниот 13. Меѓународен економски самит, јавува Анадолија.

Агенцијата Анадолија е глобален комуникациски партнер на Самитот, кој започна со отворањето на „Russia Halal Expo 2022“.

Самитот привлече околу 6.400 посетители од 64 земји. Тридневниот настан имаше за цел да ја зајакне соработката во трговијата, економијата, науката и технологијата и да ги промовира социјалните и културните врски меѓу Русија и земјите-членки на ОИК.

На дневен ред беа економијата на споделување и халал индустријата. Други клучни теми беа исламските финансии и партнерското банкарство, младинската дипломатија, развојот на извозот и претприемништвото и инвестициите.

За време на тридневниот настан, чија цел е зајакнување на односите меѓу Русија и земјите-членки на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ), беа потпишани повеќе од 10 договори за соработка во различни области како што се финансиите, здравството и земјоделството.

За време на самитот, учесниците од различни региони на Русија и исламскиот свет имаа можност да разговараат и на актуелни теми на Форумот на машински инженерски кластери, Форумот на млади претприемачи од земјите на ОИК и Форумот на млади дипломати на земјите од ОИК.

На самитот се одржа и изложбата „Русија Халал Експо 2022“, која беше поставена на површина од 10.000 квадратни метри.

Самитот во Казан за првпат беше домаќин на „Светскиот ден на Халал“.

На фестивалот „Modest Fashion Day“, кој се одржа како дел од културната програма на самитот, експертите разговараа за очекувањата, економските можности во областа на „скромната мода“ и чекорите што треба да се преземат за поддршка на талентираните дизајнери. (МИА)

Коронавирус