среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 37
home Вести

Заврши Октоберфест: Во Минхен испиени 7,3 милиони литри пиво

Заврши Октоберфест: Во Минхен испиени 7,3 милиони литри пиво

Денеска заврши минхенскиот „Октоберфест“, најголемиот светски фестивал на пиво, чии посетители испија повеќе од седум милиони литри пиво.

Според организаторите, двонеделниот Октоберфест годинава го посетија околу 6,3 милиони луѓе и продадени се околу 7,3 милиони еднолитарски пива, што е за 200.000 литри помалку од претходната година.

Посетителите исто така изеле 129 волови и 29 телиња.

Годинава имало и помалку лекарски интервенции поврзани со алкохол, односно третирани се 600 интоксикации, 120 помалку од претходната година.

Сепак, годинава е регистриран рекорд во возење во пијана состојба: 774 пијани возачи од кои 414 биле на електрични скутери.

Коронавирус