четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 186
home Вести

Заврши мисијата за евакуација на Германци во Авганистан

Заврши мисијата за евакуација на Германци во Авганистан

Германија ги повлече сите свои војници од Авганистан со последен лет за евакуација од Кабул, изјави министерката за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер.

– Сите војници, членови на Министерството за надворешни работи и федералната полиција кои ја доведоа оваа мисија до безбеден крај за нас, полетаа од Кабул, рече министерката, додавајќи дека, согласно тоа, мисијата за воена евакуација е завршена.

Новинската агенција ДПА претходно јави дека попладнево полета последниот германски воен лет за евакуација на германски државјани и локален персонал од Авганистан.

Според податоците на германското Министерство за одбрана, Бундесверот префрлил 5.193 лица од почетокот на мисијата за евакуација од Авганистан, а биле извршени вкупно 34 летови. (МИА)

Локални избори 2021