сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 75
home Вести

Заврши истргата, еве кој се жртвите пронајдени во камионот

Заврши истргата, еве кој се жртвите пронајдени во камионот

Во тек е интензивна истрага за стравичниот случај што го вознемири светот во врска со пронајдениот „камион на смртта“ во Велика Британија, во кој беа пронајдени 39 човечки тела. ББС наведува дека истрагата продолжува денеска и со распит на возачот на камионот-ладилник. Првите претпоставки се дека загинатите измрзнале од студ на температура од минус 25 степени во приколката-ладиник на камионот.

„Гардијан“ вчера објави дека возач на камионот бил Мо Робинсон (25), кој е уапсен неколку часа по откривањето на телата. Според некои извори, тој можеби и не знаел што превезува во камионот.

Камионот бил регистриран во Бугарија, но негов сопственик е фирма чиј директор е ирски државјанин. Камионот со 39-те тела во Велика Британија дошол од Белгија. Од полицијата наведуваат дека приоритет е идентификацијата на жртвите. Повеќемина стручњаци се сомневаат дека жртви се мигранти.

 

Коронавирус