петок, 21. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Затворени рестораните на Мек Доналдс во Перу поради смрт на двајца вработени- од причината за смртта ќе ви замрзне крвта

Затворени рестораните на Мек Доналдс во Перу поради смрт на двајца вработени- од причината за смртта ќе ви замрзне крвта

Сите ресторани на „Мек Доналдс“ во Перу се затворени поради дводневна жалост, откако двајца млади вработени настрадаа од струен удар во главниот град Лима.

Александра Порас Инга (19) и Габриел Кампос Запата (18) настрадале во ноќна смена додека ја чистеле кујната.

„Њујорк тајмс“ пишува дека двајцата настрадале од краток спој на „залутан“ струен кабел.

Полицијата соопшти дека Инга претрпела струен удар од апаратот за пијалоци, а Запата откако се обидел да и помогне.

Демонстранти се собраа во Лима со барање да се подобрат безбедносните услови на работните места.

„Мек Доналдс“ може да биде казнет со 56.000 долари доколку перуанската агенција за безбедност на работното место – Сунафил утврди дека компанијата е одговорна за нивната смрт.

Коронавирус