недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 21
home Вести

Застрашувачки предупредувања на експертите од Обединетите нации- опстанокот на човештвото е загрозен

Застрашувачки предупредувања на експертите од Обединетите нации- опстанокот на човештвото е загрозен

Се посложените и зачестените ризици, од глобалното загревање до загадувањето и епидемиите, му се закануваат на опстанокот на човештвото во случај да не се спречи нивното ексалирање, предупредиле Обединетите нации.

Во двегодишниот извештај за тоа како светот се носи со катастрофи, ОН предупредуваат дека поради новите ризици кои не сме ги предвиделе, минатото веќе не може да биде водич за иднината.

Посебно како нови ризици за човековите животи и имотите ги наведуваат загадувањата на воздухот, болестите, земјотресите, сушата и климатските промени. Извештајот исто така предупредува на се поголем потенцијал на еден вид катастрофа во предизвикувањето или влошувањето на некои други непогоди, како обилни врнежи кои после шумските пожари предизвикуваат одрони на земјишта.

-Ако продолжиме да живееме на ист начин и продолжиме да се однесуваме едни кон други како досега, тогаш нашиот опстанок се доведува во прашање – рекла Мами Мизотори, посебна претставничка на генералниот секретар на ОН, на состанокот во Женева за посветеното намалување на ризикот од катастрофи.

Екстремните временски услови во последните 20 години се зголемиле, а според извештајот, нанесуваат голема економска штета врз развојните цели на ОН и сиромашните земји скоро недостижни.

ОН смета дека е потребно да се вложат повеќе финансиски средства за спречување катастрофи и заштита на најранливите групи од последици од екстеремни временски појави.

На намалување на ризиците од катастрофи вложено е од 2005 до 2017 околу пет милијарди американски долари, што е дури 3,8 отсто од севкупната потрошувачка на хуманитарни прашања, односно помалкуѕ од четири на секои 100 потрошени долари.

Коронавирус