понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Заробените деца им пишаа на родителите, тренерот се извини

Заробените деца им пишаа на родителите, тренерот се извини

Тајландските деца кои веќе две недели се заглавени во пештера им напишаа писма на своите родители во кои им порачаа да не се грижат и оти се силни.

Во рачно напишаните пораки тие бараат одредена храна, меѓу која и пржено пилешко месо, пренесува Би-Би-Си.

-Наставничке, немојте да ни давате многу домашна задача, напиша вo писмото, еднo од децата.

Тренерот на децата кој, исто така, е заглавен со децата им се извини на родителите.

-Драги родители, сега децата се добро, спасувачкиот тим внимава на нас. Ветувам дека најдобро што знам ќе се грижам за нив. Им благодарам на сите кои дојдоа да помогнат, напиша тој.

Групата испрати пораки откако и тие примија писма од роднините, што е прва комуникација која децата ја имаа со родителите.

Децата и нивниот тренет беа пронајдени во понеделникот, 10 дена откако исчезнаа и оттогаш спасувачите се обидуваат да ги извлечат од пештарата.

Коронавирус