сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 92
home Вести

Жариште на Ковид-19 во најголемата британска лабораторија за тестирање

Жариште на Ковид-19 во најголемата британска лабораторија за тестирање

Најголемата лабораторија во Велика Британија, во која дневно се спроведуваат десетици илјади тестови за коронавирусот, стана ново жариште на Ковид-19, откако членовите на лабораторијата не ги следеле безбедносните процедури, јави денеска „Дејли меил“.

Три од четирите научни тима од лабораторијата во Милтон Кинс се заразени со коронавирусот.

Токму оваа лабораторија беше првата која откри новиот, многу заразен вид на мутиран Ковид-19 уште во септември, според информациите од јавното здравство на Англија.

Администраторите и вработените во магацините исто така пријавиле случаи, така што 20 од 70-те членови на тимот биле изолирани, изјави вработен во лабораторија кој инсистирал да остане анонимен.

Жариштето на коронавирусот се заканува да ја запре работата на лабораторијата, која има се повеќе барања за тестирање, кои надминуваат 70.000 ПЦР тестови на ден.

Британското Министерство за здравство и социјална заштита демантираше дека не се почитувале безбедносните мерки.

Коронавирус