четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Зариф: Санкциите на САД кон Иран ќе имаат тешки последици за светскиот поредок

Зариф: Санкциите на САД кон Иран ќе имаат тешки последици за светскиот поредок

Американските санкции кон Иран ќе имаат „тешки последици” по светскиот поредок, изјави денеска во Истанбул иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, само неколку дена пред стапувањето во сила на новите санкции на САД за извоз на иранска нафта.

Вашингтон повторно воведе санкции кон иранскиот финансиски, машинскиот и автомобилски сектор, откако се повлече од Меѓународниот нуклеарен договор со Техеран.

Новата серија санкции за иранскиот банкарски сектор и енергетска индустрија треба да стапат во сила на 5 ноември.

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги сведе на нула набавките на иранска нафта во светот.

– За жал, една земја прекршител сака да казни друга држава која ги почитува законите. Тој пристап ќе има тешки последици по светскиот поредок. Американците не можат да ги постигнат своите цели со воведување незаконски санкции против Иран, истакна Зариф.

МИА

Коронавирус