вторник, 17. јули 2018. Вести денес: 105
home Вести

Зариф: Разговорите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма се на вистинскиот пат

Зариф: Разговорите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма се на вистинскиот пат

Разговорите на Иран со европските земји за спас на нуклеарниот договор и покрај повлекувањето на САД од него, се на вистинскиот пат, изјави иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф по денешната средба во Брисел со шефот на европската дипломатија Федерика Могерини.

Тој истакна дека средбата била добра и конструктивна, а работите се движат во вистинска насока.

– Какво и да биде решението, тоа треба да ги почитува и гарантира правата на Иран. Нашите разговори со европската тројка (Германија, Франција и Велика Британија) ќе продолжат во следните две недели, изјави Зариф во Брисел.

Во меѓувреме, иранскиот претседател Хасан Рохани побара од ЕУ да се спротивстави на „нелегалните и нелогични” потези на САД и додаде дека по повлекувањето на Вашингтон од договорот, Техеран може да остане во него само ако тоа му носи корист.

(Миа)