среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Зариф: Од денеска во затвор е човекот одговорен за соборувањето на украинскиот авион

Зариф: Од денеска во затвор е човекот одговорен за соборувањето на украинскиот авион

Човекот по чија вина беше соборен украинскиот патнички авион од страна на иранската армија е во затвор, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф.
– Лицето кое случајно собори украински авион во Иран, денеска е во затвор, рече Зариф, кој го спореди инцидентот со несреќата на иранскиот авион што беше соборен во 1988 година од вооружените сили на САД.

– Вашингтон досега официјално не се извини за инцидентот. Дури и службеникот вклучен во нападот беше одликуван, нагласи Зариф.

Авион на украинска компанија се урна неколку минути по полетувањето од аеродромот во Техеран на 8 јануари, при што загинаа 176 лица, меѓу кои и граѓани на Авганистан, Германија, Иран, Канада, Украина, Велика Британија и Шведска.

Иранскиот генерален штаб во изјава на 11 јануари призна дека авионот бил урнат по грешка.