среда, 24. февруари 2021. Вести денес: 147
home Вести

Заради три позитивни лица на коронавирус, евакуиран цел кварт во Шангај

Заради три позитивни лица на коронавирус, евакуиран цел кварт во Шангај

Станбена област во центарот на кинескиот град Шангај е евакуирана денеска по утврдувањето на најмалку три случаи на Ковид-19, први во кинеската метропола од почетокот на ноември.

Властите не прецизираа колку жители беа евакуирани во рамки на операцијата.

Двајца од идентификуваните носители на вирусот работат во различни болници и се соседи.
Автобусите се дезинфицираат, возачите со заштитни комбинезони превезуваат луѓе во центри за карантин. Неколку улици се затворени.

Шангај, со 25 милиони жители, не евидентирал локална трансмисија на коронавирус од 9 ноември.

Коронавирус