недела, 19. мај 2019. Вести денес: 67
home Вести

Запрепастувачко апсење на Афроамериканец во САД- „Не ми треба фотографија, ти личиш на осомничениот“ (ВИДЕО)

Запрепастувачко апсење на Афроамериканец во САД- „Не ми треба фотографија, ти личиш на осомничениот“ (ВИДЕО)

Заменик шерифот во Тексас се обидел да уапси Афроамериканец бидејќи по грешка мислел дека постои налог за негово апсење.

Во видеото на Фејсбук полицаецот вели дека има налог за апсење од Луизијана.

Крис Еванс е уапсен пред куќа, а полицаецот упорно го нарекува Квентин.

Еванс повеќе пати бара од заменикот да му покаже фотографија од бегалецот додека тој одбива да му покаже лична карта.

„Не го знаете моето име, па како можете да кажете дека имате налог за апсење од Луизијана“?

Како што продолжува кавгата доаѓа уште еден полицаец, носејќи телефон со фотографија од осомничениот. Кога првиот заменик ја покажува фотографијата, Еванс вели:

„Што се обидуваш да кажеш, дека изгледам како него затоа што се исплашив и црн сум?“

Другиот полицаец ја гледа фотографијата, а потоа ги раздвојува заменикот и Еванс, кој рекол дека ќе поднесе жалба. „Сфатив, сфаќам“, вели полицаецот додека се обидува да го смири.