вторник, 26. март 2019. Вести денес: 0
home Вести

Запрена потрагата по преживеани во урнатата зграда во Лагос

Запрена потрагата по преживеани во урнатата зграда во Лагос

Спасувачките служби во Лагос ја запреа потрагата по преживеани во зградата која се урна вчера, при што загинаа најмалку девет лица.

Претставник на Националната агенција за управување во вонредни ситуации Ибрахим Фаринлој изјави дека спасувачите дошле до темелите на трикатната зграда и оти не очекуваат да пронајдат нови тела. Тој одби да шпекулира за точниот број на загинати и повредени лица.

Локалните власти синоќа соопштија дека во операцијата се спасени 37 деца, додека осум лица починале, но разно изутрина беше пронајдено уште едно тело.

Вчера изутрина, во нигерискиот град Лагос се урна трикатна зграда, каде приземјето се користело за деловен простор, на вториот и третиот кат имало станови за домување, додека на на третиот биле лоцирани приватна градинка и основно училиште. Во моментот на несреќата, според локалните медиуми, во зградата имало околу 100 деца, но таа бројка не е потврдена.

Засега се непознати причините за уривањето на зградата, но нејзин станар тврди дека таа двапати била одбележана од властите за уривање. (МИА)