сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 50
home Вести

Запознала маж и веднаш завршила со него во кревет: Уживале во еротика, а потоа ја пронашле мртва

Клои во раните утрински часови на 3. ноември минатата година, видно пијана била исфрлена од ноќен клуб во кој се забавувала со пријателите.
Запознала маж и веднаш завршила со него во кревет: Уживале во еротика, а потоа ја пронашле мртва

32-годишниот Марк Брус од Шкотска признал дека за време на секс ја убил 20-годишната Клои Миазек, само два часа откако се запознале.

Убиството се случило во ноември минатата година, во неговиот стан во градот Абердин, а сега му се заканува долгогодишна затворска казна.

Клои во раните утрински часови на 3. ноември минатата година, видно пијана била исфрлена од ноќен клуб во кој се забавувала со пријателите.

На автобуската станица тогаш го запознала Брус, по што заминале во неговиот стан.

Сепак, иако таа средба ветувала добра забава, се тргнало наопаку, бидејќи Клои завршила мртва.

Причината за смртта била гушење, а како што објаснил Брус, двајцата уживале во “еротското гушење”.

По кобниот настан, а еден час пред да се предаде на полицијата и да признае што направил, Брус бил снимен од надзорните камери како панично лута по улиците.

-Направив нешто грозно, убив некого. Девојката во мојот кревет е мртва, рекол тој.

Доказите покажале дека Брус не лажел и дека ја задушил Клои при секс. Смртта наводно стапила брзо, а тоа го потврдуваат и форензичките наоди.

Брус е во притвор и таму ќе остане до изрекувањето на казната. Рочиштето е закажано за 5. април.

Коронавирус