недела, 11. април 2021. Вести денес: 118
home Вести

Започна дистрибуцијата на вакцините на Џонсон и Џонсон во САД

Започна дистрибуцијата на вакцините на Џонсон и Џонсон во САД

Американскиот дистрибутер на лекови „МекКесон“ денеска соопшти дека започна со дистрибуција на вакцината „Џонсон и Џонсон“ против Ковид-19.

Оваа вакцина за време на викендот стана трета вакцина против Ковид-19 во САД, по едногласното одобрување од страна на надворешни експерти на Агенцијата за храна и лекови во петокот.

„МекКесон“ е партнер за дистрибуција на вакцините против Ковид-19 на американската Влада, а компанијата воспостави четири центри за дистрибуција кои ќе се користат специјално за дистрибуција на вакцините „Џонсон и Џонсон“.

„Владата на САД донесува административни одлуки, вклучително и каде, кога и колку дози од вакцината ќе бидат дистрибуирани до МекКесон“, соопшти компанијата.

Првичните испораки на вакцината треба да започнат утре, соопштија високи претставници на администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Коронавирус