сабота, 10. април 2021. Вести денес: 64
home Вести

Запленети лажни вакцини против коронавирус: Станале примарна цел на криминалните организации

Запленети лажни вакцини против коронавирус: Станале примарна цел на криминалните организации

Властите во Јужна Африка запленија повеќе стотици ампули лажни вакцини против ковид-19, по глобалното предупредување издадено од Интерпол дека вакцините станале примарна цел на криминалните организации.

Во магацин во Гермистон, недалеку од Јоханесбург се пронајдени 2.400 ампули со лажни вакцини, а полицијата уапси тројца кинески државјани и еден граѓанин на Замбија, се наведува на веб-страницата на Интерпол.

Претходно, кинеската полиција успешно идентификуваше криминална мрежа која продавала лажни вакцини, упаднала во погон за пакување, уапсила околу 80 осомничени и запленила повеќе од 3.000 дози лажна вакцина.

Коронавирус