вторник, 2. март 2021. Вести денес: 173
home Вести

Западен Балкан меѓу приоритетите на новата администрација на Бајден

Западен Балкан меѓу приоритетите на новата администрација на Бајден

Западен Балкан се најде меѓу шесте главни приоритети во надворешната политика на новиот американски претседател Бајден.

Веста е објавена на официјалниот сајт на Белата куќа, како резиме од телефонскиот разговор меѓу Бајден и германската канцеларка Меркел, во насока на заедничките приоритети на двете земји. Регионов се најде меѓу традиционално најекспонираните американски надворешно-политички прашања како Авганистан, Кина, Иран, Русија и Украина.

Дали и како тоа може да се одрази на македонско-бугарскиот спор останува нејасно, иако за можните ефекти се погласно се зборува во Софија, а за кои пред два дена Каракачанов отфрли можност Бугарија да подлегне под американски притисок. За историчарот Воин Божинов од Бугарската академија на науките, пак, промената на власта во САД несомнено ќе оди во прилог на Македонија.

– Германскиот притисок е ништо во однос на она што не очекува наскоро… со новата администрација. Веќе имаме јасни знаци. Две изјави на екс американскиот амбасадор во Бугарија, г-н Пердју. Имаме изјава на екс државната секретарка Мадлин Олбрајт, која му беше десна рака на екс претседателот Клинтон. Врската Клинтон-Обама-Бајден мислам дека ни е јасна на сите., изјави Воин Божинов, Институт за историски истражувања при БАН во неодамнешното интервју за „Bulgaria on air“

Неодамна и претседателот Пендаровски посочи дека со доаѓањето на Бајден очекува позасилено присуство на САД, особено што во новата администрација има луѓе кои имале директни искуства во регионот, како Викторија Нуланд, која е назначена на висока позиција во Стејт Департментот. Поранешниот амбасадор во Вашингтон Васко Наумовски не очекува драстична промена на курсот на Вашингтон, туку промена на интензитетот на делување.

Американскиот Сенат вчера го потврди Ентони Блинкен за нов американски државен секретар, кој позиција ја презеде од Мајк Помпео.

Коронавирус