четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Замина на одмор, па исчезнал во Словенија

Замина на одмор, па исчезнал во Словенија

Џонатан Ласкин (25), Американец од Висконсин, исчезнал додека бил на одмор во Словенија, а неговото исчезнување го пријавиле родителите кои стравуваат дека нивниот син би можел да е тешко повреден додека планинарел во таа земја.

Ален Ласкин и Сузан Стоун во јуни патувале заедно со нивните синови Ален и Џонатан, во Авсртија и Германија, по што Џонатан одлучил да продолжи со патувањето во Словенија, додека останатите членови од семејството се вратиле во САД.

Американската телевизија WISN-TV навела дека Џонатан Ласкин на 22 јуни, по доаѓањето во Словенија, му рекол на пријателот дека има план да планинари во Националниот парк Триглав. Неговата мајка рекла дека откако неколку недели не се слушнале, го пријавила неговото исчезнување во американскиот Стејт департмент.

Од таму за Еј-Би-Си соопштиле дека локалните власти работат на пронаоѓање на Ласкин, кој работел како наставник во Хонгконг.

Коронавирус