сабота, 21. јули 2018. Вести денес: 58
home Вести

Захарова: Западот да не се меша во работата на ОПЦВ во Сирија

Захарова: Западот да не се меша во работата на ОПЦВ во Сирија

Русија ги повикува западните земји да престанат да се мешаат во работата на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) во Сирија, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа коментирајќи ги наводите на француското Министерство за надворешни работи дека Русија и Сирија ја попречуваат работата на мисијата на ОПЦВ истакна дека таквиот став е „изненадувачки“.

– Ги повикуваме западните земји, кои извршија нелегитимни напади во Сирија да престанат да го манипулираат јавното мислење и да се мешаат во работата на меѓународните организации. Прво, Русија веднаш побара инспекција од ОПЦВ, а второ, руската страна ја понуди цела можна помош, посочи Захарова.

Таа додаде и дека на инспекторите од ОПЦВ им требало долго време да стигнат во Дума, бидејќи таму се уште има екстремисти и поради тоа што Обединети нации побараа дополнителни безбедносни гаранции.

– Не гледам зошто Министерство за надворешни работи на Франција зборува во името на ОПЦВ и нејзините инспектори. Ако инспекторите имаа некакви проблеми ќе се огласеа по тој повод, наведе Захарова.

МИА