среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 169
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Захарова со жестока прозивка до Литванија за оценките на руската инвазија во Украина

Захарова со жестока прозивка до Литванија за оценките на руската инвазија во Украина

Литванскиот Парламент едногласно ги осуди руските активности во Украина нарекувајќи ги „геноцид“ и „тероризам“, и повика меѓународен суд, по примерот на „Нирнбершкиот процес“ после Втората светска војна, да ги процесура одговорните за воените злосторства.

Во Декларацијата поддржана од премиерката Ингрида Шимоните се наведува дека воените злосторства на руските сили во Украина вклучуваат намерно убивање цивили, масовни силувања, присилна преселба на украинските државјани во Русија, како и уништување украинска инфраструктура и национални културни знаменитости.

Со реакција денеска се огласи официјална Москва.

„Земјите кои усвојуваат такви документи, декларации, изјави…се тие што преземаат такви екстремистички чекори. Се се тоа држави-членки на НАТО. Изминатите неколку децении многупати видовме агресивни и незаконски постапки на НАТО, што доведе до бројни загуби на животи“, изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

„Тоа треба да се третира токму како елемент на провокација, екстремизам и политичко лицемерие“, рече таа.

Коронавирус