четврток, 5. август 2021. Вести денес: 0
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Вести

ЗАГРИЖУВАЧКИ: Најзаразниот „делта сој“ на коронавирусот летово ќе циркулира меѓу младите

ЗАГРИЖУВАЧКИ: Најзаразниот „делта сој“ на коронавирусот летово ќе циркулира меѓу младите

„Делта варијантата“ на коронавирусот, која е особено заразна, може да достигне 90 отсто присуство меѓу новите случаи на инфекција во Европската унија (ЕУ) до крајот на август, соопшти денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

– Многу е веројатно дека делта мутацијата на коронавирусот ќе циркулира во текот на летото, особено меѓу младите луѓе кои не се наоѓаат на списокот за вакцинација, изјави директорката на Центарот, Андреа Амон.

Иако „алфа варијантата“ на коронавирус, претходно откриена во Велика Британија, сè уште е доминантна во Европа, европскиот центар предвидува дека „делта сојот“, првично пронајден во Индија, ќе претставува 70 отсто од новите инфекции во ЕУ до почетокот на август, и 90 проценти до крајот на истиот месец.

Европскиот центар, кој наведува дека „делта мутацијата“ е 40 до 60 проценти позаразна од другите, повикува на забрзување на вакцинацијата.

Центарот, исто така, повика на претпазливост при укинување на мерките воведени поради пандемијата на Ковид-19.

Коронавирус