четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 27
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Загриженост поради можно забрзано ширење на мајмунски сипаници

Загриженост поради можно забрзано ширење на мајмунски сипаници

Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге денеска изјави дека е загрижен оти ширењето на мајмунските сипаници може да се забрза во регионот бидејќи луѓето се собираат на забави и фестивали во текот на летните месеци.

– Додека влегуваме во летната сезона во европскиот регион, со масовни собири, фестивали и забави, загрижен сум дека преносот може да се забрза бидејќи моментално се откриваат случаи меѓу сексуално активните луѓе и симптомите се непознати за многумина, рече Клуге.

– Хигиената на рацете и респираторната хигиена, заедно со личната заштитна опрема и соодветната изолација на сомнителните и потврдени случаи се исто така клучни за намалување на преносот во здравствените установи – мерките што сите ги следевме за Ковид-19, нагласи регионалниот директор на СЗО за Европа.

Коронавирус