понеделник, 16. декември 2019. Вести денес: 14
home Вести

Загинаа најмалку 33 лица поради одмазда: Познато е зошто беше запалено студиото за анимација

Загинаа најмалку 33 лица поради одмазда: Познато е зошто беше запалено студиото за анимација

Лицето кое го подметна пожарот во студиото за анимација во Кјото, во кој загинаа најмалку 33 лица, рече дека го сторил тоа од одмазда.

Според 41-годишниот човек, студиото му украло идејата за проект, соопшти полицијата и додаде дека во моментов се уште се разјаснуваат околностите за инцидентот.

Пожарот избувна вчера околу 10 часот и 30 минути по локално време во трикатната зграда на компанијата „Кјото Анимејшн“, која произведува едни од најуспешните телевизиски анимациски серии. (МИА)