четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Загина и шестиот турски војник во Сирија

Загина и шестиот турски војник во Сирија

Турското Министерство за одбрана  соопшти денеска дека починал војникот , кој бил повреден во минофрлачки напад во градот Манбиџ , со што бројот на загинати турски војници достигна до шест.

Станува збор за еден од осумтемина војници кои денеска биле повредени во нападот на градот Манбиџ во Сирија.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека до сега загинале и 16 борци на сириската опозиција , што е поддржана од Турција.

Како што јавува агенцијата ,,Aнадолија”, биле пријавени и цивилни жртви.

Во нападите на курдските сили на ПРК, против кои Турција започна офанзива во северо-источна Сирија, во населените места во зоната на операцијата Еуфрат Шилд, загинале шестмина цивили, додека 15 биле повредени.

 

Коронавирус