четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 140
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Вести

Задолжително носење маски во Сеул поради зголемен број заразени од Ковид-19

Задолжително носење маски во Сеул поради зголемен број заразени од Ковид-19

Првпат од избувнувањето на пандемијата на коронавирусот, Сеул воведе обврска за носење заштитни маски во јавност, како во затворен простор, така и на отворено, поради зголемениот број новозаразени, што на ниво на цела Јужна Кореја веќе 11. ден е изразено во трицифрен број.

Во мај, градските власти во Сеул наложија задолжително носењето маски во јавниот превоз и такси возилата, што беше случај досега.

Како што јавуваат агенциите, бројот на нови случаи на Ковид-19 вчера бил 266, од кои повеќето се жители на градското подрачје на Сеул, но има заразени и во други големи градови, како Бусан, Теџон и Сеџон.

Заразата се шири во сите 17 региони низ Јужна Кореја, што доведе до построги мерки на социјално дистанцирање во сите делови на земјата.

Коронавирус