недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Забрани за работата на сите објекти и дејности кои подразбираат физички контакт- еве што се нема да работи во Србија

Забрани за работата на сите објекти и дејности кои подразбираат физички контакт- еве што се нема да работи во Србија

Српската Влада на денешната седница донесе нови одлуки во врска со спречувањето на ширењето на Ковид-19.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, во соопштението на владата се наведува дека целосно се забранува работата на сите објекти и активности кои подрабираат близок физички контакт, како што се фризерски салони и козметички салони, фитнес-клубови, теретани.

Донесена е одлука да се затворат и сите кладилници, коцкарници и слот клубови и тие од сега па натаму можат да ја вршат работата само по електронски пат.

-Со оглед на специфичните потреби што ги наметнува сегашната состојба, решено е за одредени занимања домашната самоизолација да важи 14 дена, наместо досегашните 28. Ова се однесува на здравствените работници, чуварите на затворите и припадниците на Министерството за внатрешни работи и на војската, се наведува во соопштението на владата, во кое се додава дека е донесена одлука знамињата на сите јавни институции од денес па натаму да се спуштат на половина копја.

Коронавирус