четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 50
home Вести

Забранет влез во САД за вакцинираните со руската вакцина Спутник В

Забранет влез во САД за вакцинираните со руската вакцина Спутник В

САД планираат мерки и се подготвуваат да забранат влез за луѓето имунизирани со вакцини кои не се одобрени од Светската здравствена организација или од Администрацијата за храна и лекови на САД. Една од вакцините што немаат добиено такви сертификати е руската Спутник В.

Вашингтон минатата недела најави скоро отворање на гранците за странски посетители вакцинирани против коронавирус, за првпат олабавувајќи ги ограничувањата за повеќе категории глобални посетители од почетокот на пандемијата лани во март

Но новите правила кои ќе важат од ноември, најверојатно нема да се однесуваат на многу луѓе кои се сметаат за целосно вакцинирани, вклучувајќи и оние кои примиле две дози од руската вакцина, јави денеска Вашингтон пост. Се работи за милиони луѓе од Русија и од други земји кои ја примиле оваа вакцина.

Досега СЗО и ФДА за употреба ги одобрија вакцините на Фајзер/БиоНТек, Модерна, Џонсон и Џонсон, како и Астра Зенека. Според овие правила, во САД ќе можат да патуваат и вакцинираните со Синофарм и Синовац.

Вашингтон пост потсетува дека СЗО ја паузираше постапката за Спутник В поради загриженост околу процесот на производство.

Одлуката може директно да засегне стотици илјади луѓе – околу 300.000 посетители од Русија патувале во САД во 2019, последната година од кога постојат податоци, наведува весникот. Би-Би-Си јави дека руски пратеници од Думата, политичари и припадници на бизнис заедницата во Русија се пожалиле на дискриминација.

Доколку се реализира, планот на Американците ќе биде уште еден удар за производителите на Спутник В, вакцината за која што Москва гордо објави дека е правата регистрирана вакцина против коронавирус во светот. Русија планираше Спутник В да биде инструмент за пандемиска дипломатија, но нејзиното ограничено прифаќање во странство и малите бројки на снабдување ја оставија далеку позади западните вакцини, па дури и зад кинеските, пишува весникот.

Ова било проблем и за руската делегација за време на Генералното сорбрание на ОН во Њујорк минатат недела, каде руските делегати не ги пуштале без вакциннација, а слични проблеми имала и руската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Локални избори 2021