вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 110
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Заболени тројца свештеници од Московската епархија

Заболени тројца свештеници од Московската епархија

Тројца свештеници на московската епархија заразени се со новиот коронавирус, соопшти работната група за одговор на Ковид-19 од московската патријаршија.

„Ги повикуваме сите што биле во контакт со свештениците да се погрижат за своето здравје и да се изолираат“, се вели во соопштението.

Двајца други свештеници имаат симптоми на болеста, но нивните резултати се уште не се готови.

За време на неодамнешната служба во катедралата Христос Спасител, патријархот на Москва и цела Русија, Кирил ги повика сите верници да се воздржат од посета на црквите и да останат дома поради ширење на коронавирусот.

Тој рече дека тоа ќе важи се додека не им даде посебен благослов, нарекувајќи ги свештениците кои не ги почитувале тие превентивни мерки „не многу мудри лица“.

Коронавирус