среда, 8. јули 2020. Вести денес: 260
МЕГА БОМБА

ВИДЕО: Тежок меѓународен блам на Заев, лажеа дека спречиле хибриден напад, а Заев пред пранкери го напаѓа Макрон, затвора аеродром, ќе населува мигранти

home Вести

За време на протестите во САД уапсени околу 5.600 луѓе

За време на протестите во САД уапсени околу 5.600 луѓе
(AP Photo/Charles Rex Arbogast)

На протестите во САД за една недела се уапсени повеќе од 5.600 луѓе поради кражби, блокирање патишта и кршење на полицискиот час.

Протестите, кои почнаа поради насилната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицаец, продолжија и покрај воведениот полициски час во 40 градови.

Припадници на Националната гарда се распоредени во 23 држави и во главниот град Вашингтон.

Во некои градови протестите беа мирни, но имаше и инциденти. Во Оукланд, Калифорнија, мирни демонстранти беа приведени и уапсени затоа што биле на улиците по почетокот на полицискиот час, јави Си-Ен-Ен.

Повеќето од протестите во Њујорк беа мирни маршеви, но во текот на ноќните часови имало сè повеќе случаи на уништување имот и грабежи.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио потврди дека за време на протестот е уапсена и неговата ќерка Кјара (25).

Полицијата во Сиетл соопшти дека демонстрантите фрлале камења, шишиња и огномет кон полицијата.

Во пукање во Сент Луис се погодени четворица полицајци кои се надвор од животна опасност, јави Би-Би-Си.

Парламентарни избори 2020