вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 114
home Вести

За влакно избегната трагедија: Застрашувачка сцена од човек и удар од гром (ВИДЕО)

За влакно избегната трагедија: Застрашувачка сцена од човек и удар од гром (ВИДЕО)

Американецот Ромулус Макнејл имал многу среќа додека поминувал низ универзитетски кампус во Конвеј, во Јужна Каролина, додека врнело.

Како што може да се види од снимките од надзорните камери, гром удрил само неколку сантиметри од неговата нога, па тој од страв го испуштил чадорот. Бидејќи времето било лошо, одлучил да тргне со својот автомобил.

„Знам дека помислив: Се надевам дека нема да ме погоди гром. Почувствував удар, беше лудо. Само сакам да одам дома и да јадам нешто“, рекол Мекнејл.

Громот поприлично го исплашил, но за среќа поминал без никакви повреди.