четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 197
home Вести

ЗА САМО ЕДЕН ДЕН ИЗГУБИ БОГАТСТВО – по падот на акциите на Тесла, Илон Маск остана без вртоглава сума на пари

ЗА САМО ЕДЕН ДЕН ИЗГУБИ БОГАТСТВО – по падот на акциите на Тесла, Илон Маск остана без вртоглава сума на пари

Акциите на компанијата „Тесла“ на Илон Маск забележаа пад по информацијата дека две лица загинаа во несреќа со електричен автомобил на компанијата во текот на изминатиот викенд, пишува списанието Форбс.

Тоа го чинеше Маск 5,6 милијарди долари помалку во неговото богатство, кое моментно изнесува 174,1 милијарда долари, според пресметките на Форбс. Главниот извршен директор и коосновач на „Тесла“ е третиот најбогат човек во светот по извршниот директор и основач на Амазон, Џеф Безос и францускиот бизнисмен Бернар Арно.

Според надлежните, возилото било управувано без возач, бидејќи едното лице се наоѓало на предното седиште, а другото на задното седиште на автомобилот. Електричниот автомобил патувал со голема брзина пред да излета од патот и да се запали околу 23,25 часот, соопшти полицијата.

„Тесла“ се уште нема дадено изјава по инцидентот. Компанијата постојано ја рекламираше безбедноста на нејзините автомобили и функцијата „автопилот“. Непосредно пред несреќата Macĸ, кој е многу активен на Твитер со околу 52 милиона следбеници, објави информација дека веројатноста „Тесла“ со вклучена функција на автопилот да доживее сообраќајна несреќа е десет пати помала отколку некое друго возило. (МИА)

Коронавирус