четврток, 4. март 2021. Вести денес: 0
home Вести

За САД 2020 година е најтешка на економски план од 1946 година

За САД 2020 година е најтешка на економски план од 1946 година

Американската економија минатата година се намали за 3,5 отсто како резултат на пандемијата со коронавирусот. Според Вашингтон пост, 2020 година е најлошата година за економскиот раст на САД од Големата рецесија.

Економскиот раст забави во последниот квартал до раст од само еден отсто, според Бирото за економски анализи. Тоа значи дека на годишно ниво е четири отсто.

Економијата се намалува за првпат од 2009 година, кога БДП се намали за 2,5 отсто за време на Големата рецесија. Тоа е исто така најлошата година за американската економија од 1946 година, кога економијата се намали за 11,6 отсто по излегувањето на земјата од Втората светска војна.

Ова е последниот извештај за американскиот БДП за време на мандатот на Доналд Трамп

На годишна основа во последниот квартал, американската економија објави раст од четири отсто по раст од 33,4 отсто во претходниот квартал.

Во меѓувреме, 847.000 Американци поднесоа барања за невработеност минатата недела до 23 јануари, што е мал пад од претходната недела. Економистите предвидуваа 875.000 апликации.

Коронавирус