сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

За првпат после шест недели децата во Шпанија излегоа надвор

За првпат после шест недели децата во Шпанија излегоа надвор
EPA-EFE/TONI GALAN

Децата во Шпанија денеска излегоа на улица, првпат откако на 14 март беа воведени строги мерки поради пандемијата на коронавирусот.

Шпанската Влада минатата недела соопшти дека од денеска децата на возраст до 14 години можат еден час дневно да си играат надвор во придружба на возрасно лице.

Не им е дозволено движење подалеку од еден километар од местото на живеење.

– Мило ни е што можеме да излеземе затоа што дома стана досадно, иако имаме плеј стејшн и можеме да разговараме со другарите преку видеоповик. Добро е да се излезе надвор и да се вдише свеж воздух затоа што малку ни се здодеа дома, изјави за Си-Ен-Ен 14-годишниот Абел Санчес од Мадрид.

Други деца искрено признаа дека не верувале оти ќе им недостасува училиштето, а локалните медиуми јавуваат дека „овој мал дел на нормалност, донел смеа и радост на улиците на шпанските градови“.

Коронавирус