петок, 16. април 2021. Вести денес: 144
home Вести

За првпат по три ипол месеци: САД регистрира помалку од 1000 починати од Ковид-19 во еден ден

За првпат по три ипол месеци: САД регистрира помалку од 1000 починати од Ковид-19 во еден ден

За првпат по речиси три и пол месеци, САД вчера регистрираа помалку од 1.000 смртни случаи за еден ден од последици од Ковид 19, соопшти универзитетот Џонс Хопкинс.

За 24 часа починаа 749 луѓе, далеку под врвот од 4.473 година на 12 јануари.

Дневниот број на жртви во САД не бил под илјада од 29 ноември, кога за 24 часа починаа 822 лица.

Тоа укажува на континуирано забавување на епидемијата во земјата и е добра вест за американскиот претседател Џо Бајден, чиј огромен пакет помош од 1900 милијарди американски долари беше усвоен од Сенатот во саботата и ќе ја зајакне неговата стратегија за вакцинација.

Програмата за вакцинација во САД, која почна во декември, сега е во полн ек и речиси 10 проценти од населението, околу 31,5 милиони луѓе, ги примиле двете потребни дози на Фајзер или Модерна или една доза вакцина на Џонсон и Џонсон. (МИА)

Коронавирус