петок, 5. март 2021. Вести денес: 165
home Вести

За прв пат во изминативе децении – Доналд Трамп заминува од функција без да присуствува на инаугурација на својот наследник

За прв пат во изминативе децении – Доналд Трамп заминува од функција без да присуствува на инаугурација на својот наследник

Доналд Трамп ќе биде првиот претседател на САД во изминатите неколку децении што си заминува од функција а кој нема да присуствува на инаугурацијата на својот наследник, објави Њујорк тајмс. Но, во подалечното минато се случило неколкупати претседател да не присуствува на царемонијата.

Во поголемиот дел од историјата на САД, промената на претседатели се смета за симбол за мирен трансфер на власта.

И други претседатели на САД не присуствувале на инаугурацијата на новиот претседател, вклучително и четворица шефови на држави кои беа убиени за време на мандатот: Абрахам Линколн (1965),Џејмс Гарфилд (1881), Вилијам Мекинли (1901) и Џон Кенеди (1963).

Во 1974 година, претседателот Ричард Никсон поднесе оставка и не присуствуваше на заклетвата на Џералд Форд во Белата куќа. Во 1921 година, Вудроу Вилсон имал намера да присуствува на заклетвата на Ворен Хардинг и да отпатува со него во Капитол на церемонијата, но се разболел.

Во деветнаесеттиот век, некои претседатели одлучија да не се појавуваат од незадоволство или непријателство. Весникот како примери ги наведува Џон Адамс, Џон Квинси Адамс и Ендру Џонсон. (МИА)

Коронавирус