среда, 28. јули 2021. Вести денес: 178
home Вести

За пеколот кој ја очекува зградата се предупредувало пред три години – еве која е причината за уривањето на зградата во Мајами

За пеколот кој ја очекува зградата се предупредувало пред три години – еве која е причината за уривањето на зградата во Мајами

Градежниот експерт, Френк Морабито, уште пред три години предупредил дека има докази за големи структурни оштетувања на бетонската плоча под базенот и пукнатини во подземната гаража на зградата во Сурсфајд, која се сруши пред два дена, објави денеска „Њујорк тајмс“.

12-катната зграда се сруши ненадејно рано утрото во четвртокот, а размерот на катастрофата сè уште не е познат. Досега е потврдена смртта на најмалку четири лица.

Според „Њујорк Тајмс“, консултантот Френк Морабито во 2018 година учествувал во изработката на планови за реконструкција, која требло да започне наскоро, пренесува „Ројтерс“.

Најголемиот дел од штетата најверојатно бил предизвикан од долгогодишната изложеност на корозивни ефекти од солениот воздух долж брегот на Јужна Флорида.

Консултантот во извештајот не навел дека зградата е изложена на ризик од уривање, но нагласил дека е потребна реконструкција со цел да се зачува структурниот интегритет на објектот.

Спасувачките екипи вчера цел ден трагаа по луѓе кои се водат како исчезнати по уривањето на станбена зграда, која спонтано се сруши рано утрото во четвртокот.

Оттогаш, тие не престанаа да бараат преживеани во урнатините, додека се појавуваат детали за луѓето кои се водат како исчезнати.

Преживеале 102 лица, од кои 35 биле спасени од остатоците од зградата, а двајца од под урнатините. По најмалку 159 од нив сè уште се трага, иако тоа се податоци што се менуваат од час во час. За жал, за четворица со сигурност е потврдено дека се мртви, соопшти каналот Еј-би-си.

Коронавирус