четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 45
home Вести

За гледање пиратски содржини – затвор во Англија

За гледање пиратски содржини – затвор во Англија

Англиската полиција соопшти дека повеќе од 7.000 луѓе се осомничени дека гледале илегални „лајв стримови“ поради што добиле опомена пред апсење.

Полицијата преку електронска пошта ги известила сите осомничени дека со гледање пиратски содржини, како што се ТВ серии или спортски натпревар ризикуваат максимална казна од пет години затвор.

-Луѓето кои се претплатиле на ваков сервис можеби не сфаќаат дека тоа е илегално, но затоа веруваме дека лицата кои им продаваат такви содржини знаат оти тоа е илегално, изјави Оливија Додинг од кибер одделението на Ланкаширската полиција,

И покрај обидите на полицијата да го прекине синџирот на илегални видео содржини на интернет, во Англија досега никој не е осуден поради гледање на пиратски содржини.

Индепендент објави дека е уапсен 28-годишен маж поради поврзаност со пиратските содржини. (МИА)

Локални избори 2021